Македонија

Децата со посебни образовни потреби во новата училница, донација од „Ротари клуб“ – Кочани

Децата со посебни образовни потреби во новата училница, донација од „Ротари клуб“ – Кочани

Новата училница во ООУ „Малина Попиванова“, донација од „Ротари клуб“ – Кочани од вчера им е предадена на користење на оние за кои истата е направена, на седумнаесетте деца со посебни образовни потреби.

Со мала свеченост едно од трите одделенија на децата со посебни образовни потреби во присуство на Дедо Мраз ја напуштија досегашната просторија и се вселија во новата, сместена на приземниот дел од училиштето.

По тој повод во чест на децата нивното училиште им приреди пригоден коктел на кој јасно се гледаше нивната голема возбуда и радост.

Претседателот на „Ротари Клуб“ – Кочани, Зоран Тодоров изрази задоволство од она како е направена просторијата чии донатори се тие, членовите на клубот и изрази надеж дека и во иднина ќе можат со ваква нивна помош да се направат и други проекти кои ќе им служат на нивните сограѓани.

Ивица Цимбаљевиќ, Директор на ООУ „Малина Попиванова“ во чест на предавањето на користење на новата просторија од негово лично име и од името на вработените во училиштето им изрази голема благодарност на дел од членовите на „Ротари Клуб“ – Кочани кои како делегација присуствуваа на оваа мала свеченост.