Децата треба да се вакцинираат- заблуда е дека тоа предизвикува аутизам, дијабетес…

Лекарите сметаат дека децата треба да се вакцинираат, а сите наводни несакани последици од имунизацијата се само небулози, беше истакнато денеска на советувањето на Медицнскиот факултет во Скопје.

„Откако вакцинираме до денес, нема потешка несакана реакција освен вообичаените, прикажани во упатството како очекувани, висока температура, болка на место на оток, ретки случаи со конвулзии, еден до два годишно“, исткна Јованка Костовска, национален координатор за имунизација на Македонија во Светската здравствена организација (СЗО).

Вакцините, како што беше нагласено, немаат никаква поврзаност со аутизмот, дијабетот, малигните заболувања бидејќи сите состојки во нив се во форми кои воопшто не му преча на здравјето на децата. Тие тврдат дека и вакцините со жива не се опасни бидејќи овој елемент се елиминира од организмот за три до четири часа и не прави никаква штета.

„Официјалните информации за влијанието на имунизацијата врз децататреба да се бараат од меѓународните агенции, СЗО, Центарот за заразни болести во Европа, Атлантна центарот за заразни болести во САД“, истакна Костовска, која нагласи дека треба да се слушаат и советите на здравствените работници.

Не смее да се бега од вакцинацијата, смета претседателот на Лекарската комора проф. доктор Кочо Чакаларовски.

„Вреди ли да умрат 1.000 луѓе од бронхопнеумонија зашто 0,001 отсто ќе добиеле енцефалит? Воопшто, ова прашање е многу смешно. Најодговорно тврдам, никако бегање од вакцинацијата. Тоа значи заштита на населението од болести кои се искоренети токму благодарение на вакцинацијата“, истакна Чолаковски, кој нагласи дека доколку се укинете вакцинацијата ќе се создаде опасна маса на луѓе која може да биде жртва на увозна епидемија.

За ресорниот министер, Никола Тодоров, кој иако нее стручен во таа област, тој го застапува ставот на родителите.

„Јас сум родител и моите деца ги имам вакцинирано. И јас сум вакциниран. Не гледам зошто и децата на моите деца не треба да бидат вакцинирани“, рече Тодоров, кој оцени дека е погрешна одлуката на група родители кои од Уставниот суд бараат укинување на задолжителната вакцинацијата кај децата.