Балкан

Децата во Хрватска ќе мора да мијат садови и да си го местат креветот

Децата во Хрватска ќе мора да мијат садови и да си го местат креветот

Децата во Хрватска, од први септември ќе мораат да им помагаат на своите родители во домашните обврски.

Ова го предвидува изменетиот Закон за семејство кој оттогаш стапува во сила.

Со измената се дефинираат должностите на децата. Децата се должи да ги почитуваат своите родители и да им помагаат во домашните работи во согласност со својата возраст и убаво да се однесуваат кон сите членови во семејството.

Значи, децата се должни да ги раскреваат своите играчки, да го наместат креветот, да ја кренат чинијата кога ќе завршат со јадењето или кога ќе пораснат да фрлат ѓубре, да ги стават садовите во машина за миење, да собираат прав. Исто така тие ќе мора убаво да се однесуваат со своите браќа или сестри.