Децата жртви на насилство се’ уште се чувствуваат осамени и исплашени

Децата, кои се жртви на насилство, злоупотреба и злоставување, чувствуваат осаменост, страв и агресија, беше забелешката на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, во врска со работата на СОС телефонот за деца и млади- 0800 1 2222.

Стравот, како што истакна, извршниот директор на Амбасадата Драги Змијанац, се должи  на непосветеноста на родителите за она што им се случува на нивните деца, непрепознавањето на сигналите кога нивното дете е жртва на насилство.

„Многу често детето се враќа во семејството таму каде што го трпи насилството и повторно тоа се повторува“, рече Змијанац.

Минатата година биле регистрирани 279 контакти преку СОС телефоното, но и преку електронска порака, социјалните мрежи и преку директна посета на Меѓаши, со кои што комуницирале 969 пати.

Јана Зенговска, психолог и координатор на СОС телефонот за деца и млади во Првата детска амбасада во светот Меѓаши информира дека минатата година се регистрирани 279 контакти (преку СОС телефонот, е-маил, преку социјалните мрежи и со директна посета во Меѓаши), со кои подоцна дополнително комуницирале 969 пати.

„Најголемиот број од јавувачите се од женски пол, а само 12 деца имале храброст да пријават насилство или прекршување на некое нивно право“, рече Јана Зенговска, психолог и координатор на СОС телефонот за деца и млади во Меѓаши.

Минатата година двајца мажи пријавиле семејно насилство од нивнтие сопруги, без разлика дали се поранешни или сегашни.