Децентрализацијата во Струга не дава резултати

Струга е еден од примерите каде по територијаланата поделба во 2004-тата наместо успешна децентрализација во корист на сите граѓани се случува спротивното. Без македонско знаме пред општината, општински сајт на албански јазик, комуникација во општината исто така на албански јазик, непочитување на државни манифестации, чествувања итн. Вака дел од албанските градоначалници ја практикуваат власта на локално ниво. Типичен пример е општината Струга, објави ТВ Канал 5.

Пред 12 години, по територијалната распределба, градоначалничкото место го зазема Албанец по што целосно се менува сликата во општината во корист на Албанците, како во однос на раководните позиции било на институции од локално ниво,така и на институции кои се под централно ниво.

Знаците или патоказите кои се испишани исклучиво на албански јазик , поставување на имиња на плоштади без изгласување на совет и низа други нерегуларности за кои на централно ниво така жестоко реагираат.

Ова е некоректно, коментираат извори за Канал 5 од општината, од причина што  Албанците во Струга се само 30% од населението.