Македонија

Дечињата од Кисела вода со садење цвеќе ја поздравија пролетта

Дечињата од Кисела вода со садење цвеќе ја поздравија пролетта

​Дечињата од градинката „Синоличка“, која е во состав на ЈДГ „Весели цветови“ – општина Кисела Вода, го оддбележаа денот на пролетта и екологијата.

Под мотото „Цвеќе за мојата градинка“, тие утринава, заедно со своите воспитувачки, родители и останатиот персонал, во дворот на градинката реализираа акција за садење на цвеќиња.

sino1

Со музика и ведро расположение, дечињата ги садеа садниците кои беа обебедени од установата, а дел беа донирани од нивните родители.

sino0

Ова е веќе традиционална акција која градинката „Синоличка“ ја спроведува со цел – низ забава и игра да ги едуцира најмладите за грижа и одговорно однесување кон животната средина, воедно поттикнувајќи го нивното чувство за естетика и разубавување на просторот во кој се одвива нивното секојдневие.