Македонија

„Дечките од Канал 103“ преку самоволие, заедно со генаралот, сакаат да констуираат случај

„Дечките од Канал 103“ преку самоволие, заедно со генаралот, сакаат да констуираат случај

Откако претходно се обиде апансас, ненајавено и неповикано  да се меша во уредувачката политика на Македонската радиотелевизија, генералот Стојанче Ангелов, вчеравечер се обиде на измама шверцерски да се протне во програмата на Радио 103, пишува порталот „Вистина“.

Screenshot 63

Точно е дека беше повикан  од поединци од , како што тие се нарекуваат, „дечките од радиото“ да гостува во нивната програма. Дечките и девојките кои, како што самите изјавуват:  „…им е непријатно и се срамат што работат во вакво политичко опкружување, вакви услуви и слично“, а се уште седат во истотот тоа радио на истата локација кои не им го купиле ниту родителите, ниту  некој им го подарил.

За приказната да биде уште поинтересна, Радио 103-ка, таканаречената алтернативна радиостаница во моментов ниту има лиценца, ниту дозвола за работа, ниту има дозвола за користење на неговата фреквенција од  „Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“, единствената институција која ја регулира работата на  електронските медиуми во државата.  Тоа значи, дека дека 103-ка зрачи „на црно“, а неговата таканаречена алтернативна програмска определба не е ништо друго туку  „дива алтернатива“!

Од друга страна повеќе од  јасно е дека пипците на СОРОС-овиот октопод и тоа како длабоко навлегле во во самата 103-ка, за во името на божемната демократија и медиумските слободи, протежирајќи ја политиката на опозицијата,да  ја туркаат нивната крајна идеја -помагање во  насилното уривање на легитимно избраната власт на последните фер и демократски избори.

Како поинаку би можело да се сфати „шверцувањето на мала врата“ во  радиопрограмата на Стојанче Ангелов, истата таа програма  која ја уредува и е главна перјаница на нејзината програмска политика, ќерката на „стариот опозиционер“, Ѓунер Исмаил, која,  исто така еднаш била спречена од обезбедувањето да влезе во радиото, зашто во ташната и бил најден алкохол, а не како што тоа сакаа да го прикажат опозиционите медиуми, дека била спречена да си ја врши својата професионална задача.

Инаку Ѓунер Исмаил важи за близок пријател и соработник на Љубомир Фрчковски, потенцијалниот наследник за СОРОС мастер, Сашо Орданоски,„свиркачот“ од  АЈДЕ, новинарот Зоран Бојаровски… А и самиот Исмаил, некогашен портпарол на  владата СДСМ од времето на Црвенковски, Фрчковски, Јане Миљовски, од времето на  транзицијата, криминалната приватизација, ТАТ…!

Конечно, генералот  Стојанче Ангелов, како што велат информациите  никој и не го спречил да гостува во програматана 103-ка.  Обезбедувањето на јавниот сервис само си ја вршело работата барајќи посетителите  да се легитимираат. Впрочем таква е процедурата.

Финтите од типот:„Личната карта не ми е тука, одам горе да си ја земам во јакната“  биле прифатени и водителот во придружба на телевизиското обезбедување бил испратен до студиото каде што наводно му биле документите за лична идентификација. А тоа што откако божем  влегол по личната карта и потоа наместо да се врати кај обезбедувањето да им ја приложи, ги оставил да „дремат“ пред врата, а тој си продолжил право во програма… Тоа е веќе друга работа, која во секоја нормална институција и држава се санкционира.  Генералот и водителот што го оставиле  службеникот на  „мртвата стража“,  тоа многу добро го знаат. Како и останатите „дечки од дивата алтернатива“ , кои сопствената немоќ, преку самоволие, заедно со генаралот,  сакаат да ја претворат во „случај“, пишува „Вистина“.

stojanche MTV 13-3-15-5-600x4001-540x360