Балкан

Дечко и девојка загинаа во тешка сообраќајка со мотор

Дечко и девојка загинаа во тешка сообраќајка со мотор

Дечко и девојка загинаа во тешка собраќајна несреќа, откако со мотор марка „хонда“ излетале од патот и се забиле во ѕид.

Во трагедијата која се случила синоќа околу 3:45 часот, животот го загубиле 24-годишниот А.Ј. и 20-годишната А.К.

– Бевме заедно до два часот по полноќ. Си отидов дома и околу 4 часот ми се јавија да ми кажат за трагедијата. Кога стигнав таму не можев да верувам – двајцата лежеа на земја. Тој веднаш починал а неговата девојка била жива извесно време, но за жал починала додека да пристигне брзата помош,  рекол пријателот на загинатиот.

Тој додал и дека неговиот пријател обожавал мотори и долго време го возел моторот кој ги однесе во смрт него и неговата љубена.