Ново детско игралиште во Кисела Вода

Рекоструирано е детското игралиште кое се наоѓа помеѓу улиците Христо Татарчев и Козјак во населбата Кисела Вода. На оваа локација се поставени  нови и современи реквизити за детска игра кои во децата ќе ја пробудат креативноста, фантазијата, ќе им ја подобрат концентрацијата, истовремено поттикнувајќи ги на дружење со врсниците.

Новиот детски комплекс е составен од пирамида за искачување, клацкалки, лулашки, коњчиња на федер.  Поставена е и заштитна гумена подлога. Просторот е надополнет со урбана опрема – канти за отпадоци и клупи, заграден е и ќе биде соодветно осветлен.

На обновата на детските реквизити работеше фирмата „Урбано”. Општина Кисела Вода за ова ново детско катче, од својот буџет издвои околу 800.000 денари.

meckarov 4

meckarov 1