Дедо Мраз пристигна на аеродромот „Александар Велики“ (ФОТО)

Повеќе од 450 деца со особен интерес го проследија симболичното пристигнување на Дедо Мраз со транспортен хеликоптер на АРМ на воениот дел од аеродромот „Александар Велики“, а потоа и да добијат од него новогодишни пакетчиња.

Незаборавното доживување за најмладите секоја година го овозможуваат припадниците на воздухопловната бригада (вбр) од АРМ, со цел поделба на новогодишни пакетчиња на децата од загинатите и починати припадници на вбр, но и на сите заинтересирани припадници од останатите команди и единици на АРМ и МО.

dedo-mrz-arm

Оваа манифестација традиционално се одржува во пресрет на новогодишните и божиќните празници, а заради атрактивноста и годинава е масовно проследена.

dedo-mrz-arm3

dedo-mrz-arm2

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.