Македонија

Дедо Мраз пристигнува во Скопје

Дедо Мраз пристигнува во Скопје

На воениот дел од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во касарната „Страшо Пинџур“ денеска ќе се одржи предновогодишна манифестација со симболично пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер.

На манифестацијата ќе бидат поделени новогодишни пакетчиња за децата на загинатите припадници на воздухопловната бригада (вбр) на АРМ, како и за вработените во вбр и останатите команди и единици на АРМ и Министерството за одбрана.

Манифестацијата е во организација на припадниците на воздухопловната бригада и Синдикатот на вработените во МО.