ФОТО: Втора Дедо Мразовска трка во Скопје

По втор пат Дедо мразовци трчаа на плоштадот „Македонија“. Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски присуствуваше на Дедо Мразовска трка, чии старт и цел беа на плоштадот „Македонија“.

Втора Дедо Мразовска трка во Скопје
Втора Дедо Мразовска трка во Скопје

Дедомразовците во втората трка од овој вид, трчаа на траса долга 1,5 километри, каде стартуваа од Плоштадот „Македонија“, низ „Порта Македонија“, до Градската полница, по улица “Филип Втори” до кејот на Реката Вардар (од страната на зградата на МНР), со плоштадот „Филип Втори“, преку Камениот Мост, до целта повторно на плоштадот „Македонија“.

Втора Дедо Мразовска трка во Скопје
Втора Дедо Мразовска трка во Скопје

На овогодинешната трка учество зедоа повеќе од 300 учесници, кои трчаа во целосен дедомразовски костум. Дедомразовската трка се одржува по втор пат во Скопје и слична ваква трка се одржува во голем број на светски метрополи.

Втора Дедо Мразовска трка во Скопје
Втора Дедо Мразовска трка во Скопје

Оваа трка е дел од богатата Новогодишна програма на Град Скопје, а трката е организирана од страна на „Пивара-Скопје“.