Дедо остана без покрив на глава

Стојан Божиноски од селото Турје има 70 години и остана без покрив над својата глава.

Огнените јазли ја пеплосаа куќата која ја градел самиот пред повеќе децении, а пред еден месец ја изгубил и сопругата. Со солзи во очите вели дека гледал од соседната куќа како неговиот дом е целосно во пламен, но не успеал да спаси ништо од покуќнината, пренесе Сител.

Според него најверојатно светилката која горела во неговиот дом е причината за пожарот, пренесе Сител.

Градоначалникот на Дебарца Трајкоски кој го посети опожарениот дом најави дека општината ќе одвои 20 илјади денари како помош.

Противпожарната единица веднаш интервенирала но поради дрвени греди пожарот брзо се проширил. Божиновски моментално живее во куќата од соседите надевајќи се дека со помош на хуманите луѓе ќе може да го обнови својот дом, пренесе Сител.

Инаку во селото Турје сместено на Илинска планина одалечено 40 километри од Охрид живеат 10тина жители.