Дедомразовска трка во Скопје

Првата Дедомразовската трка ќе се одржи денеска со почеток во 12 часот на плоштадот „Филип Втори“.

Дедомразовската трка ќе се одвива по следната траса:

dedomrazovska-trka

Плоштад Филип Втори, Македонски народен театар, Мост Гоце Делчев, булевар ВМРО, булевар Димитрие Чуповски, улица Македонија, Плоштад Македонија, Порта Македонија, до целта кај паркот Жена Борец.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски ќе ги пречека учесниците во трката на целта кај Паркот Жена Борец, каде што ќе бидат доделени и наградите за најдобрите во трката.