Дефанзивците на Леванте во паника поради дуелот со Меси

Иако не може да смета на услугите на бразилскиот интернационалец Неимар, тренерот на каталонскиот гигант Барселона, Херардо Тата Мартино, сигурно ќе состави тим кој на крајот ќе се покаже како доволно квалитетен за да забележи триумф во денешниот првенствен натпревар против екипата на Леванте.

Повторно, сите погледи и сите надежи на најверните фанови на Барса ќе бидат насочени кон аргентинскиот интернационалец, Лионел Меси кој со двата погодока кои ги постигна на реванш 1/8 финалниот натпревар од Купот на Шпанија, на најдобар можен начин покажа дека последната повреда е веќе минато и дека во најбрз можен рок ќе се врати во посакуваната форма.

За нијана потешка задача ќе имаат фудбалерите на Атлетико (М) кои пак имаат обврска да забележат нов триумф но сега во дуелот против секогаш незгодниот тим на Севилја.

Денеска на програмата:
Гетафе – Сосиедад,
Вилјареал – Алмерија,
Леванте – Барселона,
Атлетико (М) – Севилја.