Дефект на линијата „192“

Министерството за внатрешни работи информира дека поради технички дефект бесплатната телефонска линија „192“ е во прекин.

Во моментов се работи на отстранување на дефектот, а сите оние кои имаат потреба да се јават во полиција тоа можат да го направата на телефонските броеви на полициските станици.

Телефонските броеви можете да ги најдете на следниов линк www.moi.gov.mk