Дефект на водоводната мрежа, Кисела Вода без вода

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека денеска без вода останале дел од корисниците во општина Чаир.

Како што наведуваат од претпријатието, улиците Пандо Кљашев, Караџица и Пеју Јаворов, од 10 часот утрово останале без вода поради дефект на водоводната мрежа.

Корисниците од овие три улици без вода ќе бидат се до санирање на дефектот, а екипите на ЈП „Водовод и канализација“ интензивно работат на негово санирање.