Дефект на водоводната мрежа во Центар

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, ги известува граѓаните дека на ден 11.03.2015 година ( среда ) поради уличен дефект со профил ф-80мм на ул. Даме Груев (пред државен завод за статистика), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица на потегот од ул. Македонија до ул.11-ти Октомври од 09:30 часот до санирање на дефектот.