Деј Трот нов пријател на Македонија во Конгресот

Конгресменот Дејв Трот, републиканец од 11-тиот конгресен дистрикт на Мичиген, се придружи на групата за пријателство со Македонија во американскиот законодавен дом, соопшти Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД).

Конгресменот Трот ја презеде функцијата на 3 јануари 2015 година. Во конгресот е член на комитетите за правосудство и за надворешни работи. Членува и во Поткомитетот за Европа, Евроазија и секторот за итно донесување нови закони, кој е задолжен за американско-македонските односи.

Мичиген е дом на околу 125.000 Американци со македонско потекло, од кои во дистриктот на конгресменот Трот се наоѓа една од најголемите македонско-американски заедници во државата.

– Со оглед на тоа што конгресното изборно тело има интерес за европските прашања, сигурни сме дека конгресменот Трот ќе ги следи прашањата во врска со македонско-американската заедница, вклучувајќи ја и целта на Македонија да стане дел од НАТО, и ќе помогне во развојот на стратешкото партнерство меѓу САД и Македонија, рече членот на Бордот и секретар на ОМД со седиште во Мичиген Џорџ Питерс, кој неодамна се сретна со конгресменот.

Конгресната групна за притателство со Македонија е двопартиска група на членови на Конгресот. Како глас на македонските американци во Вашингтон, ОМД соработува со сите членови на групата за пријателство на Македонија за продолжување на нивните напори во зајакнувањето на македонско-американските односи.