Дејан Дуковски ќе ги отвори „Лица без маски“ 2015.

На сцената на Театар Комедија утре во 20 часот, Дејан Дуковски ќе го отвори 8. Издание на Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“, пред почетокот на изведбата на неговата култна претстава „Буре барут“, на бугарскиот театар „Николај Бинев“ и „Креди арт“ продукција, во режија на Ана Батева.

Драмските текстови на еден од нашите најплодни автори, познато е дека се поставувани на театрските штици секаде низ светот, но ретка е можноста  истите да бидат видени и од македонската публика.

Како и секоја година претставите ќе ги оценува тричленото жири, а годинашново е  во состав: Таци Илиева-Велјиќ-актерка, режисерот Бојан Трифуновски и новинарката и театарски проследувач Сребра Ѓорѓијевска.

maska

Утре, по свеченото отворање, во 22 часот во тоалетите на Театар Комедија, ќе биде изведена и претставата „МОРАМ ДА ТИ КАЖАМ НЕШТО“, на Џузепе Бонифати, од Италија.

Следната фестивалска вечер, на 19 април е резервирана за македонската независна продукција. Во 20 часот на МАЛАТА СЦЕНА на МОБ, ќе биде изведена претставата „СЕМЕЈНИ ПРИКАЗНИ“ во режија на Ангелчо Илиевски, а во 22 часот истиот ден на „Мала сцена“ на Универзална сала, ќе гостува претставата „К“, во режија на Хана Миленковска.

maska3

На 20 април, од 20 часот, на МАЛАТА СЦЕНА НА МОБ ќе биде изведена претставата „КОПИЛИЊА ВО УМОТ“, на победниците на „Лица без маски“ од пред две години театарот „Софија Амендолеа“, а последниот фестивалски ден, 21 април, од 20 часот, е посветен за „МАШИНАТА ЈАН БИБИЈАН“, на режисерот Петар Пашов и театарот „Ателје 313“ од Софија, Бугарија.

Сите љубители на театарот билетите за  претставите може да ги  купат на касата на Конгресен центар „Александар Македонски“ (Универзална сала-Скопје), секој работен ден од 08:00 до 20:00 часот. Цената на билет за секоја претстава одделно чини 150 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.