петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 0

Дејан Кулушевски е новата голема надеж на македонскиот репрезентативен фудбал

Пред неколку дена македонската репрезентациа до 16 години беше подобра од врсниците од Србија со убедливи 3:1, а овој натпревар вечно ќе остане во сеќавањата на Дејан Кулушевски, фудбалерот кој дебитираше во националниот дрес и постигна погодок.

Kulusevski

Поврзани вести

Кулушевски пред три месеци потпиша договор со Аталанта и важи за еден од најталентираните членови во академијата на калчолигашот, а во италијанскиот тим дојде од шведски Броммапојкарна со кој настапуваше во најдобрата младинска лига во Шведска.

Против Србија одигравме одличен натпревар, многу трчавме, се боревме за секоја топка и бевме мотивирани да забележиме победа. На крајот бевме наградени за прикажаната игра, заслужено победивме. Среќен сум што постигнав погодок, но мислам дека моето семејство кое беше присутно на трибините беше уште порадосно, посебно дедо ми, изјави Кулушевски за сајтот на ФФМ.

Дејан е роден во Шведска, има одиграно два натпревари за тамошната селекција до 16 години, но неговото потекло е од охридскиот крај и без многу размислување го прифати повикот од Македонија.

Знаете, јас сум од Охрид по потекло, татко ми е охриѓанец и во Македонија доаѓам најмалку еднаш годишно. На добар начин сум прифатен во репрезентацијата и се надевам дека ќе бидеме на високо ниво и на утрешниот натпревар против Италија.Видов колку моето семејство беше среќно откако настапив за Македонија. Никогаш не знаеш што носи иднината, но имам желба, вели младиот фудбалер.

Репрезентацијата до 16 години утре во 11 часот игра против Италија на стадионот “Петар Милошевски” во Скопје.

Извор: Спортмедиа

Најчитани вести