Дејан Ставриќ повторно доби една година затвор

Кривичниот суд на повтореното судење го осуди докторот Дејан Ставриќ со казна затвор од една година за примање награда од  2000 евра од пациент од Прилеп на кого требало да му среди да добие инвалидска пензија.
И првата пресуда која падна на Апелација беше една година затвор.
Ставриќ беше уапсен на автобуска станица во Скопје откако примил обележани пари во износ од 2.000 евра од пациент.

Ставриќ обвинет е за кривично дело примање награда за противзаконско влијание односно дека зелТој повтори дека со пациентот воопшто не разговарале за инвалидска пензија туку дека се договарале на Кузмановски да му закаже операција во приватната клиника каде што работи и каде што  требало да дојде познат офталмолог од Белград.

Ставриќ го негираше обвинението и рече дека не се чувствува виновен. Тој останува на слобода до правосилност на пресудата.