Спорт

Дејли Блинд им се врати на тренинзите

Дејли Блинд им се врати на тренинзите

Полека но сигурно Манчестер Јунајтед се качува на табелата во Премиер лигата.

Тоа е факт кој ги усреќува фановите на “црвените ѓаволи”, но она што го прави среќен тренерот Луј ван Гал е комплетирањето на тимот.

Иако има уште неколку фудбалери кои се надвор од стројот, сепак поголемиот дел се опоравија од своите повреди. Таква е ситуацијата и со Дејли Блинд, кој се врати на тренинзите на тимот и работи со намален интензитет. Неговото целосно опоравување и враќање на терените се очекува кон средината на јануари.

B5jQ_yHIQAAD36x

 

Манчестер јунајтед во претстојното коло ќе го пречека Њукасл на домашен терен, а менаџерот Луј ван Гал повторно ќе има проблеми поради повредите на дел од своите фудбалери. Во комбинација нема да бидат Херера, Фелаини и Шоу, а неизвесен за настап е и Маркос Рохо.