„Дејли Меил“ објавува погрешни информации за имиграција во Британија

Лордот Вилијам Волас оф Солтер од владејачката коалиција во Велика Британија, го обвини британскиот весник „Дејли меил“, дека објавуваа неточни информации за имиграцијата на Бугари и Романци во земјата, пренесува „Хафингтон пост“.

Солтер сите текстови на оваа тема објавени во „Дејли меил“ ги нарекува апсурдни и целосно невистинити“.

Министрите треба да внимаваат да не користат провокаторски јазик кога зборуваат за етнички малцински групи, објаснија од Домот на лордовите .

„Имаше доста апсурден јазик и навистина некои целосно невистинити приказни за дополнителни авиони и автобуси и така натаму, што се појавија во декември. Тоа е многу жално во едно отворено, слободно и демократско општество“, објаснува лордот за информациите и шпекулациите околу доаѓањето на Бугари и Романци на Островот.

„Фајненшл тајмс“ забележува дека освен Британците, во Германија исто така се загрижени за нивото на имиграцијата. Таму сепак дебатите за темата допрва ќе следуваат, додека во Велика Британија тие го достигнаа својот врв.