„Деjли телеграф“: Баросо виде „агенти на Русија“ меѓу бугарските политичари

Европската унија се подготвува да ги стопира плановите за завршување на гасоводот „Јужен Поток“, кој ги поврзува Русија и Европа, преку Црното море. Тоа е првиот сериозен чекор, со кој ЕУ сака да го казни Кремљ за анексирањето на Крим, пишува британскиот весник „Дејли телеграф“, пренесува Нетпрес.

Претседателот на Европската комисија, Жозе Баросо, на средба со бугарски политичари, предупредил Бугарија да не помислиува го попречува новиот цврст став на ЕУ кон овој проект и да не се обидува да го поткопува заедничкиот одговор на Унијата за Украина, објавува весникот повикувајќи се на сопствени неофицијални информации.

„И велиме на Бугарија да биде многу претпазлива“, изјавил Баросо, пишува „Дејли телеграф“. 

Тој рекол дека „во Бугарија има луѓе кои се агенти на Русија“, фрлајќи сомнеж на лица од Социјалистичката партија, кои се обидуваат да склучат двострана зделка со Кремљ, посочува британскиот весник.

Украинскиот премиер, Арсениј Јацењук, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека подготвува почва за превземање на Доњецката област, каде е сместен значителен дел од тешката индустрија во Украина. Околу 40.000 руски војници се распоредени долж границата со Украина и според Јацењук, кристално јасно е дека Путин има намера да отиде подалеку од Крим и да ја заостри кризата до едно многу опасно ниво, се вели во текстот на „Дејли тееграф“.

Брисел, пак, се однесува многу воздржано кон проектот „Јужен поток“, поврзан со огромни договори на олигарси блиски до Путин. Официјалниот став е дека проектот е сеуште на сила, но ставовите на Баросо потврдуваат дека тој проект е веќе политички мртов.

Германскиот канцелар, Ангела Меркел, очигледно го губи своето трпение кон Путин, кој изгледа дури на два пати ја доведе во заблуда во нивните телефонските разговори, ветувајќи и’ прво дека нема да го анексира Крим, а потоа и дека нема да распореди војски на границата со Украина, посочува британското издание.