Свет

„Дејли Телеграф“: Крај на шенген зоната и враќање на граничните рампи во ЕУ

„Дејли Телеграф“: Крај на шенген зоната и враќање на граничните рампи во ЕУ

Европската унија би можела да му стави крај на шенгенскиот режим и одново да ги врати граничните рампи, при минувањето од една во друга земја-членка, доколку Унијата не постигне заедничка платформа за сегашната мигрантска криза-пишува лондонскиот „Дејли Телеграф“, повикувајќи се на изјава на германскиот канцелар Ангела Меркел, пренесува МИА.

Весникот ја пренесува изјавата на Меркел, дадена во Берлин, во која таа вели дека иако сака и натаму да остане принципот на слободно движење низ земјите членки, спогодбата за шенген зоната би можела да биде напуштена.

Ваквата разврска би можела да се случи, ако другите во ЕУ, не го следат примерот на Германија и не прифатат свој удел во распоредувањето на имигрантите од Блискиот и Средниот Исток на својата територија.

До крајот на оваа година, Германија ќе прими околу 800 илјади азиланти, што е четири пати повеќе од минатата година и повеќе од која било друга членка на ЕУ.

Лондонскиот весник, кој е близок до британските конзервативци, оценува дека ваквата закана од Берлин до другите членки, може да им помогне на Велика Британија и на премиерот Дејвид Камерон во барањето на официјален Лондон, до Брисел за нови британско-европски преговори за реформирање на ЕУ и за значителни промени во одредбите на Лисабонската спогодба.

Ваквата разврска би можела да се случи, ако другите во ЕУ, не го следат примерот на Германија и не прифатат свој удел во распоредувањето на имигрантите од Блискиот и Средниот Исток на својата територија.
Ваквата разврска би можела да се случи, ако другите во ЕУ, не го следат примерот на Германија и не прифатат свој удел во распоредувањето на имигрантите од Блискиот и Средниот Исток на својата територија.

Изјавата на канцеларот Меркел доби голема гласност во британските медиуми, а посебно кај евроскептичните и антиимигрантските весници кои случувањата со мигрантите низ Европа го оценуваат како значаен момент кој им оди во прилог на британските барања.

Британија, заедно со Ирска (поради Северна Ирска) се надвор од шенгенската зона и Лондон од секогаш се противи на политиката на ЕУ без граници, па затоа и не е случајно што медиумите ја поддржуваат Меркел и ја охрабруваат во нејзината закана да се суспендира шенгенската спогодба, па макар и на определено време.

Евроскпетичниот „Дејли Меил“ оценува дека за сегашниот „хаос и анархија со мигрантите“ како и за ширењето на економската миграција низ земјите на ЕУ, вината треба да се бара кај шенгенската спогодба и политиката на отворени граници.

Овој весник смета дека сегашната мигрантска криза, низ европскиот континент дава можност домашните еврофили и евроскептици да се обединат, за заедничка заложба за реформирање на ЕУ.

„Сега е најдобриот момент да се направи тоа“, констатира во својот уводник „Дејли Телеграф“.