Дејли телеграф: Неконтролираната имиграција во Британија може да предизвика недостиг од вода

Неконтролираната имиграција во Велика Британија ќе предизвика недостиг од вода за пиење, преполнети училишта, зголемен број пациенти во болниците и потреба од стотици нови градови. Тие констатации се во извештај објавен од Дејли телеграф.
Извештајот на невладината Сивитас предупредува дека секој добар ефект од имиграцијата е сосема мал во однос на негативните последици.
Во документот се додава дека годишно во Британија емигрираат 225.000 луѓе. Со тоа темпо, населението во Велика Британија може да биде до 20 милиони луѓе во следните 50 години.

– Последиците ќе ги почувствува целата држава. Една од нив е потребата за воведување на режим за користење на водата во некои места. Може да има недостиг од станбен простор и преполнети болници. Масовната имиграција може да предизвика и потешкотии во јавниот транспорт, се предупредува во извештајот на Сивитас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.