среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

Дејли Телеграф : Тереза Меј ќе го објаснува Брегзит на самитот на Г20 во Кина

Британскиот премиер Тереза Меј на претстојниот Самит на Г20, што овој викенд се одржува за првпат во Кина, ќе мора да го објаснува Брегзит и посебно прашањето - што за официјален Лондон претставува напуштањето на ЕУ, пишува „Дејли Телеграф“.

tereza

Поврзани вести

Британскиот премиер Тереза Меј на претстојниот Самит на Г20, што овој викенд се одржува за првпат во Кина, ќе мора да го објаснува Брегзит и посебно прашањето – што за официјален Лондон претставува напуштањето на ЕУ, пишува „Дејли Телеграф“.

Весникот, што е близок до владеачките британски конзервативци, открива дека членките на Г20 ги интересира дали со ваквата своја определба, Велика Британија се повлекува од глобализацијата или пак сега заговара поинаков пристап кон неа.

Таквото прашање добива на значење во британскиот случај, затоа што на секаде во пораст е економскиот национализам, отпорот кон глобализацијата и протекционистичката реторика.

Според овој весник, во Лондон се проценува дека е „опасно што на Брегзит се гледа со исти очи со кои се гледа и колапсот на трансатланскиот трговски и инвестициски протокол (ТТИП) , како знак за генерално повлекување од принципите на слободна трговија“.

Особено што постојат проблеми во реализацијата на трговскиот договор на ЕУ со Канада, но и во разговорите за правење ваков договор меѓу Унијата и Јапонија.

Во британската јавност и во рамките на ЕУ, Брегзит се прикажува само како реакција на Велика Британија на „напливот од мигранти“ од Унијата, посебно од земјите на европскиот Исток и југоисток, што не може да се запре поради инсистирање на Брисел за слобдното движење на луге и работна сила во рамките на Унијата.

Велика Британија бараше од земјите членки да се откажат од овој принцип, или тој да биде реформиран, на што ЕУ се спротивставува затоа што ,според Брисел, тоа е основата на која се темели европската интерграција.

Компромисното решение што успеаја да го усогласат поранешниот премиер Дејвид Камерон и Европскиот совет, не им се допадна на антиевропските и евроскептичните политички кругови во Велика Британија кои отворија силна антиевропска кампања, инсистирајќи дека единствено решение е да се напушти ЕУ.

Непосредно пред Самитот Г20, британската влада, според „Дејли Телеграф„ на своите политички партнери во светот им нуди ново објаснување, од кое излегува дека Брегзит е реакција на „фрустрацијата на Велика Британија од немоќта на ЕУ да испорача една поширока трговска агенда„.

Ваквото толкување на Брегзит доаѓа само два дена по средбата на Тереза Меј со своите министри во Чекерс, надвор од Лондон.

На средбата главна тема требаше да бидат идните односи со ЕУ, а подоцна се разбра дека најмногу се зборувало за претворање на Велика Британија во „глобална трговска сила“ на која нема да и треба заедничкиот европски пазар и која својот подем треба да го гради врз „имепријалните традиции“ и искуствата од времето на кралицата Викторија.

Најчитани вести