„Дејствијата на СДСМ имаат негативни последици за Македонија“

Државиот секретар на Министерството за надворешни работи, Елена Кузмановска денеска, еден ден пред доаѓањето на еврокомесарот Јоханес Хан во земјава се обрати пред граѓаните во кампот на чуварите на демократијата.

Таа говореше за напорите на Македонија да стане дел од ЕУ и за тоа какви негативни последици врз тоа прави СДСМ со своето дејствување.

Истакна дека земјава во изминатиов период е соочена со дејствувања од внатре, какви што сме сметале дека само некој однадвор може да ги каже. Кризата, вели, започна по изборите во 2014-та година.

-Тоа се случи кога опозицијата реши да ги бојкотира институциите на Македонија. Реши да го заобиколува Уставот, да го бојкотира Собранието и да постави 5 барања…Не наидовме на отстапки ниту на сериозен капацитет за дијалог од таа страна и дојдовме во еден скандал кој фрли сенка на она што сме го граделе. Целиот труд, целиот реформски процес, се што сме сме инвестирале, наеднаш добиваме од внатре креиран лош публицитет и самите фрламе сенка на целиот Уставен поредок на Македонија, на институциите, на целото функционирање на судство, парламент и јавна администрација. Трагично е што ова доаѓа од внатре. Трагично е што колку и да има политички несогласувања, колку и да некој зборува за демократија, истиот тој го негира највисокиот демократски чин, а тоа е волјата на народот изградена на демократски избори, рече таа.

Целото нејзино обраќање следува во продолжение.