Балкан

Дејтонскиот договор не може да биде преразгледан

Дејтонскиот договор не може да биде преразгледан

Србија и Босна и Херцеговина се’ уште имаат отворени прашања, но односите меѓу двете земји во моментов се најдобри досега, изјавил босанскиот амбасадор во Србија, Ранко Шкрбиќ, во интервју за весникот „Вечерње новости“.

„И специјалните односите што Белград ги има со Бања Лука не влијаат на односите со Сараево“, истакнал Шкрбиќ. Во однос на Дејтонскиот договор, Шкрбиќ изјавил дека нема можност тој да биде преразгледан и не е можно да има нови промени на границите на Балканот.

Весникот посочува дека Шкрбиќ е првиот Србин дипломат, кој Сараево го назначи за амбасадор во Србија.