вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 72

Дејвид Бекам во долна облека прави склекови на пијано! (ВИДЕО)

Се работи за предизвикот “#22PushUpChallenge”, кој треба да ја подигне свеста за превенција на самоубиствата на ветераните.

bekam

Последни вести

Згодниот поранешен фудбалер Дејвид Бекам објави видео на својот профил на Инстаграм во кое прави склекови врз пијано, облечен само во долна облека.

На почетокот на видеото, Дејвид ја објаснува причината поради која го прави тоа, иако од тој агол изгледа како да е сосема гол, па е малку тешко да се сконцентирате на тоа што го зборува.

Се работи за предизвикот “#22PushUpChallenge”, кој треба да ја подигне свеста за превенција на самоубиствата на ветераните.

Дејвид беше номиниран за предизвикот од страна на Гај Ричи, па во моментов целиот интернет му е навистина благодарен на славниот режисер.

Најдобро од сѐ е што станува збор за предизвик кој треба да трае 22 дена, па ќе има уште многу вакви видеа во претстојните денови. Уживајте!

Најчитани вести