Балкан

Дејвид Боуви за првпат ќе ја изложи сликата на која се прикажува силување на Муслиманка во БиХ

Дејвид Боуви за првпат ќе ја изложи сликата на која се прикажува силување на Муслиманка во БиХ
Танц по улиците на Скопје на музика на Боуви

Сликата „ Хрват и Муслиманка“ на шкотскиот сликар Питер Хаусон, која припаѓа на музичарот Дејвид Боуви, ќе биде изложена по првпат во последните 20 години. Сликата прикажува како двајца Хрвати силуваат Муслиманка.

Маслото на платно е широко 153 и високо 213 см и предизвика контроверзи поради прикажување на сцени на војна во Босна.Сликата ја нарача Империјалниот воен музеј во Лондон, но на крај одби да ја купи па е продадена на Дејвид Боуви за 21 илјада евра.

Сликарот, 1993 година престојувал во Босна и Херцеговина како службен уметник. Во рамките на оваа помалку бизарна традиција од 1916 година на Империијалниот музеј во Лондон, каде што уметниците се распоредувани по воени подрачја за да ги забележат сцените од прва рака.

„Директорот ми кажа дека не сака да ја купи сликата бидејќи не сум присуствувал на силувањето,“ изјави Хаусон, чии што дела ги купиле Мадона и Мик Џегер.

Како што пренесува „Кликс.ба“, Хаусон од војната се вратил порано тврдејќи дека е болен, иако британската јавност го прогласи за кукавица.Една година подоцна се врати во Босна каде што направи серијал на слики меѓу кои и „Исчистени“, чиешто име потсетува на етничко чистење.

Најголем шок предизвика сликата „Хрват и Муслиманка“ на која двајца мажи во униформа силуваат жена во тоалет.

Хаусон инаку како службен сликар престојуваше и на Косово 1998 и 1999 година.