Дејвид Духовни доби ѕвезда во Холивуд

Ѕвездата на ТВ серијата „Досиеја Х“ и „Калифорникација“ Дејвид Духовни, доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.

– Ова е надреален момент, надприродно случување. Имам чувство дека сум на филм, чудно е. Но многу убаво е да се биде тука со многу пријатели, почестен сум, изјави актерот.

Иако новите епизоди од серијата „Досиеја Х“ добија поделени критики, обожавателите искажаа воодушевување на социјалните мрежи.

Дејвид Духовни  во 1997 година освои Златен глобус за улогата Молдер (Досиеја Х), а во 2008 година за улогата Хенк Муди (Калифорникација).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.