Дејвид Камерон им се закани со санкции на руските олигарси во Лондон

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска ги предупредил руските  олигарски кои живеат во Лондон дека би можеле да  се најдат на удар на санкциите кон Русија, поради ситуацијата во Украина.

„Сите богати Руси кои живеат во Лондон се соочуваат со заканата да се најдат на удар на меѓународните санкции, доколку се покаже дека имаат блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин“, изјавил Камерон за радио Би-Би-Си, пренесе МИА.

Британскиот премиер не спомна ниту едно име, но меѓу оние кои го избраа Лондон за свое живеалитште, најпознати се Роман Абрамович, сопственикот на фудбалскиот клуб „Челзи“ кој има куќи и имот во Велика Британија, како и Алишер Усмаров, главниот акционер на !Арсенал“.

Предупредувањето на Каметон доаѓа како реакција на последниот амбасадорски состанок во Брисел околу новите предложени поостри санкции на ЕУ кон Москва, при што се предвидува лондонскиот динансиски центар да го понесе главниот товар.

Со овие мерки се предвидува да се пресече руската банкарска економија за да се оневозможи финансирањето на клучната технологија, а се определуваат нови критериуми кон руските олигарски блиски до Путин и внатрешниот круг на сојузници, за кои се смета дека заработиле од врските со политичарите и генералите кои се одговорни за кризата во источна Украина.

Според Камерон, тоа не значи дека ќе се казнуваат сите богати Руси во Лондон само затоашто зборуваат руски или што нивниот англиски јазик е со силен руски акцент.

„На удар на санкциите ќе се најдат оние за кои ќе се утврди дека му се побратими на претседателот Путин“ објаснил британскиот премиер.

Официјална Москва синоќа се закани со замрзнување на имотот и средствата на британските компании кои делуваат во Русија. Што би бил одговор на предупредувањата и санкциите од Лондон. Први на удар на руските контрамерки би биле нафтените компании „БП„ и „Шел“.

Руски сенатори и политичари блиски до Путин, побараа од рускиот претседател да воведе санкции за сите компании од САД и ЕУ кои имаат бизнис во Русија.