Дејвид Камерон ветува „замрзнување“ на даноците

Лидерот на британската Конзервативна партија и актуелен премиер, Дејвид Камерон ветува „замрзнување„ на даноците во наредните пет години,доколку гласачите му ја дадат довербата на парламентарните избори, што се одржуваат идниот четврток.

Камерон и неговата партија настојуваат да обезбедат уверлива победа на изборите, за да можат сами и без коалиција да ја формираат идната британска влада.
Според ветувањето што денеска им го даде на Британците,Камерон вели дека неговата идна влада, до крајот на петгодишниот мандат нема да го зголемува данокот на приходите, данокот на додадена вредност (ДДВ), како и давачките за социјално осигурување.
Опозициските лабуристи и нивниот лидер Ед Милибанд, ги обвини конзервативците и нивниот лидер дека со своите ветувања, давани во последен момент и на брзина, се закануваат да ја доведат земјата во ризична ситуација доколку победат на изборите.
Според Милибанд, станува збор за „очајнички обиди„ на Камерон да ја придобие довербата на гласачите, што само покажува дека партијата повеќе стравува дека нема да победи, отколку што верува во уверлив триумф на изборите од 7 мај.
Сите анкети направени досега, укажуваат дека ниту една од двете големи,главни партии во Велика Британија не ќе може да обезбедат доволно мнозинство за да сами созадат влада, па дека одново ќе има коалициски владин кабинет, а дека во Парламентот, по многу години покрај конзервативците и лабуристите ќе има уште три други партии, што ќе одчучуваат околу изгледот на идната влада.