Дејвид Камерон во посета на Авганистан

Британскиот премиер Дејвид Камерон пристигна денеска во ненајавена посета на Авганистан, за да изрази поддршка на новиот претседател на земјата, Ашраф Гани.

Камерон е прв светски лидер кој ќе се сретне со Гани, втор по ред директно избран претседател на Авганистан.

Камерон и Гани утрово одржаа состанок, а се очекува подоцна во текот на денот да ги посетат британските војници распоредени во Авганистан.

Гани пред четири дена положи заклетва за претседател, по повеќемесечна политичка криза поради непризнавање на резултатите од претседателските избори одржани во јуни.