Дејвис Куп: Србија ја “прегази” Хрватска, Казахстан успеа да ја елиминира Италија

Србија е единствената репрезентација која во првиот круг натпревари од Дејвис Купот оствари максимална победа.

Српската селекција предводена од првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, во Краљево славеше против Хрватска со максимални 5:0.

На останатите дуели Франција ја совлада Германија, а Велика Британија беше поуспешна од САД. Австралија ја елиминира Чешка, додека Казахстан го направи најголемото изненадување и оствари триумф над Италија.

Бранителот на трофејот Швајцарија загуби на гостувањето кај Белгија со 3:2, а играше без Рожер Федерер и Стен Вавринка. И Канада со 3:2 славеше триумф над Јапонија, додека резултатот во мечот Аргентина – Бразил е 2:2. Поради должината на мечот Маер – Соуса 3:2 (15:13 во петтиот сет – 6 часа и 34 минути) решавачкиот дуел меѓу Делбонис и Белучи ќе се игра денеска.

Во четвртфиналето ќе играат: Франција – Велика Британија, Австралија – Казахстан, Србија – Аргентина/Бразил и Канада – Белгија.