Дејвис купот стана тениски Мундијал, турнирот ќе се игра во еден град

Меѓународната тениска асоцијација (ИТФ) на својот годишен состанок во Орландо денеска изгласа радикална промена во системот на Дејвис купот, а кои ќе стапат на сила веќе од 2019 година.
ИТФ најави дека 71,43 отсто од 120 членови на годишното собрание гласаа за промена на системот на натпреварувањето, што е повеќе од двотретинско мнозинство кое не беше потребно, иако најголемите тениски национални сојузи беа против промените бидејќи сметаат како со оваа промена практично се укинува натпреварувањето со 118 годишна традиција.

ИТФ во партнерство со инвестициската групација „Космос“, која се обврзала да инвестира во Дејвис Купот три милијарди долари во периодот од 25 години, одлучи сегашниот формат на Светската група со 16 најдобри репрезентации да го замени со еднонеделен финален турнир со 18 екипи, која ќе биде именувана како Светскии тениски куп, на едно место и во досегашниот термин на одигрување на Дејвис купот, на крајот од ноември.

Сите 18 репрезентации ќе бидат поделени во шест групи од по три, а победниците на групите и двете најдобро второпласирани екипи, според критериумот подобар сооднос на освоени сетови и гемови, би обезбедиле четвртфинале. Сите натпревари ќе се играат во формат со два сингл и еден натпревар на двојки.

На завршниот турнир директно ќе се квалификуваат полуфиналисти од претходната година, а 12 екипи ќе бидат добиени од квалификациските натпревари во кои ќе учествуваат 24 екипи (формат домаќин-гостин), а ќе се одиграат на почетокот на февруари. Во овие натпревари ќе остане стариот формат, односно за победа ќе бидат неопходни три поени, или максимум пет меча ако е неопходно-по два сингла во петок и во недела и натпреварот во двојки во сабота.

Две од 12-те репрезентации губитнички во квалификациите ќе завршат на финалниот турнир, бидејќи ќе добијат покана од ИТФ , со што се гарантира дека ниту една од големите тениски нации нема да изостанат од натпреварувањето.

Репрезентациите кои на финалниот турнир ќе бидат пласирани од петтото до 16 место, следната година ќе играат квалификации за учество на завршниот турнир, а 17-тиот и 18-тиот тим ќе се преселат во зонскотто натпреварување, кое останува дел од структурата на новиот Дејвис куп.

Хрватска ќе биде домаќин на американски тим во полуфиналето на овогодинешниот Дејвис куп, последен во сегашниот формат, во Задар. Во случај на победа во финалето, тој ќе игра за победникот на вториот полуфинален меч, каде што Франција е домаќин на Шпанија во Лил.

Франција или Шпанија ќе биде домаќин на првиот финален турнир на Светскиот тениски куп, бидејќи Лил и Мадрид ќе се натпреваруваат кој ќе биде домаќин.