Деканот Давитковски им забрани на професорите да зборуваат, а на новинарите да работат

Професорите кои протестираа против концепт кој ќе го зголеми квалитетот на високото образование, наводно штитејќи ја автономијата на Универзитетот, ја забрануваат слободата на медиумите. Но истовремено, професорскиот кадар на СДСМ со нула објавени научни трудови, очигледно си ги спои празниците на подолг рок, објавува Курир. За скандалот да биде поголем, истите оние кои постојано бараат слобода на медиуми и демократија, денес ја спречија новинарската екипа на Курир да си ја заврши својата работна должност.

Откако вчера наидовме на празни кабинети, се обидовме денес да добиеме одговор од нив зошто не пишуваат научни трудови со импакт фактор. Но, ниту денес немавме кого да прашаме, затоа што повторно наидовме на заклучени врати.

Љубомир Фрчковски, Борче Давтиковски, Каролина Ристова-Астеруд, Гордан Калајџиев, Гордана Сиљановска денес не беа достапни ниту за своите студенти во моментот кога дел од нив имаа применен термин, а уште помалку за новинарската екипа на Курир, која се обиде лично од нив да го добие одговорот.

И како да не беа доволни заклучените врати се обидовме да ги побараме низ цел факултет. Ги немаше ниту по амфитеатри, не беа низ ходници,а ги побаравме дури и во бифето на самиот факултет. Ги чекавме дури и пред вратата на Универзитетите, во надеж дека со мало задоцнување, сепак, ќе дојдат на работа.

Во обид да побараме и други професори од листата со нула објавени научни трудови според Web of science, за скандалот да биде поголем, новинарската екипа на Курир беше спречена да си ја изврши до крај својата работа. И тоа, ни помалку, ни повеќе, туку по наредба на деканот Давитковски.

Лице пратено по наредба на деканот, како што бевме известени, не спречи да си ја извршиме работата забранувајќи ни да пробаме да разговараме со професорите, притоа велејќи дека за тоа мора да се добие посебна дозвола.

Деканот на Правниот факултет кој безброј пати го слушаме како мудрува за слобода и демократија, забрани новинарската екипа на Курир да си ја заврши должноста, да проба да разговара со професорите и од нив да побара објаснување.

Со цел да си ја завршиме нашата работна должност, побаравме објаснување за оваа забрана, но единствениот со кој можевме да стапиме во контакт беше секретарката на деканот. Секретарката не информира дека деканот е на многу важен состанок и дека неможе да не прими.

Таа во телефонски разговор ни посочи и дека требало специјално да го најавиме нашето присуство и таа, како и неименуваното лице, ни рекоа дека сега се празници и дека затоа нема професори на факултет.

Денес е работен ден. На работна должност е целата наша екипа, но и сите лекари, вработени во администрација, пожарникари, продавачи, директори… Сите освен професорите на СДСМ.

А токму тие кои постојано гласно бараат слобода и демократија, истите оние кои сакаат да им се почитува професијата и без научен труд, си ги споија новогодишните и божиќните празници со денови однапред.

Професорите кои протестираа, наводно за поддршка на студентите, денес воопшто не дојдоа на работа, а деканот Давитковски се криеше во својата сала за состаноци.

Новинарската екипа на Курир во обид да дојде и до нивната страна на приказната за јавноста да биде прецизно и сестрано информирана, беше избркана од факултетот со забрана за снимање.

Сакаме да го прашаме Деканот и професорите на СДСМ- Дали за ваква демократија и слобода на медиуми се борат цело време?!