Деканот на Земјоделски факултет со пофални зборови за „Од град во село за нов почеток“

Од новиот проект „Од град во село за нов почеток“ преку пакет поволности, голем добробит ќе имаат низа граѓани.

-Ова е еден комплексен проект во кој што гледаме некои нови субјекти, нови земјоделци да влезат во секторот на земјоделство. Последниве десетина години навистина со мерките на аграрната политика и со зголемување на буџетските поддршки, но и други политики кои се спроведуваат во делот на земјоделството станува еден атрактивен бизнис во кој покрај постоечките семејни земјоделски стопанства мислам дека побудува интерес и кај една млада популација која што би сакала да се вклучи во земјоделското производство и во која што ја гледа својата егзистенција. Самиот проект нуди одредени нови мерки кои слушнавме дека ќе бидат комплементарни со веќе постоечките мерки кои што се изградени и кои земјоделците веќе ги користат. И другите политики кои сигурно се комплементарни, социо-економскиот дел на мерките кои што ги гради државата, сигурно дека ќе придонесе за натамошен развој на руралните средини, а посебно на развој на селските средини. Еден период на депопулација на тие рурални средини предизвика еден голем дел од селските средини да бидат масовно напуштени од популацијата. Тие капацитети кои се оставени сигурно дека треба да ги ставиме во функција на производство на храна и во функција на едно поинтензивно земјоделско производство, рече Димитриевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.