Декларација на ГДОМ до судиите: Не судете по политички притисоци од аболирани криминалци

ГДОМ денеска ќе предаде Декларација во Основниот суд Скопје 1 Скопје и Апелационот суд Скопје.

Текстот од декларацијата ви го пренесуваме во целост:

Судската власт е еден од темелите на секоја држава. Без независна судска власт нема држава и државност. Вие сте луѓето на кои им е дадена довербата за да ја чувате правдата и да судите согласно законите.

Вие сте избрани заради вашиот капацитет и личен интегритет. Независноста на судот подразбира дека ниту еден судија не може правилно да ги носи одлуките доколку е исплашен, доколку е предмет на закани или пак очекува некаква корист од која било страна.

Затоа не смеете да потклекнувате на никакви притисоци, ниту од внатре, ниту од надвор. Правдата мора да биде еднаква за сите. Целосно е неприфатливо за едни да важат законите, а за други да нема никаква одговорност.

Зоран Заев е аболиран и спасен од кривична одговорност за криминал тежок 8 милиони евра. Зоран Заев се закануваше дека за него не постојат македонските судови и дека нема намера да постапува по судски наредби. Зоран Заев изјавуваше дека ќе правел списоци со судии на кои ќе им се одмаздувал доколку дојде на власт. Неговиот портпарол Петре Шилегов најави поднесување на кривична пријава против судија само заради одлука донесена по закон и врз сопствено убедување. Нивните невладини организации се заканија дека за уши ќе влечеле и на клоци ќе ги исфрлале уставните судии, а општинските организации на СДСМ најавија дека ќе го палеле судот.

Истиот овој Зоран Заев е осомничен за барање поткуп и за Пуч. Истиот овој Зоран Заев е на слобода, а на Владимир Талевски му се изрекуваат мерки иако нема никакво криминално досие и секогаш го почитувал судот. Наместо аболирани криминалци да ги вратат милионите што ги украдоа од државата, судот го притвора Владимир Талевски.

Не дозволувајте, луѓе како Зоран Заев да ве заплашуваат и да влијаат врз вашите одлуки. Така само го нарушувате вашиот кредибилитет и интегритет.  Вашето спротиставување на притисоците во овој период ќе биде потврда на независноста и непристрасноста на судството во Република Македонија и ќе биде пример за идните генерации судии во земјава.

Селективната правда не е правда. Одлуките донесени под притисок не се правични одлуки. Одлуките донесени под притисок, само го будат револтот кај граѓаните.

Затоа ве охрабруваме да не подлегнувате на притисоци. Да не си го губите образот заради какви било закани и ветувања. Затоа Ве охрабруваме да не носите нарачани политички одлуки.

Криминалците како Заев треба да одговараат и тој мора да го врати украденото од државата. Неговите сметки не смее да ги плаќаат невини.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.