Декларација за исчезнатите лица ќе биде потпишана во Мостар

Декларација за исчезнатите лице во вооружените конфликти и кршењето на човековите права ќе биде потпишана денеска во Мостар од страна на претседателите на Србија, Хрватска, БиХ и Црна Гора. Се со цел да се поттикне барање на исчезнатите лица во војните.

Нацрт текстот на декларацијата го предложи Меѓународната комисија за исчезнати лица уште во 2011 година, а целта беше 15-годишнината од основањето на оваа комисија да се одбележи со усвојување на политичка декларација, која би ја потпишале претседателите на четирите земји.

Според достапните податоци, од речиси 40.000 лица исчезнати во конфликтите на просторот на поранешна Југославија, денеска има уште околу 11.000 исчезнати лица, чија судбина не е утврдена.