Декодирани црните кутии на авионот на „Флај Дубаи“

Авионот на „Флај Дубаи“ што се урна на Ростов на Дон во Русија бил целосно технички исправен кога полетал од Дубаи, соопшти тимот на меѓународната истрага по декодирањето на црните кутии на авионот, пишува „Раша Тудеј“.

Според прелиминарната анализа на информациите од црните кутии, немало никакви проблеми со ситемот, дефекти на деловите на авионот или несакани дефекти и откажувања на електричниот систем. Авионот поседувал валиден сертификат, ги поминал неопходните процедури за одржување и бил во целост исправен за време на полетувањето, соопштуваат од истрагата.

Исто така, во контекст на пишувањата во медиумите кои што се повикуваа на протечени информации од истрагата дека причината за несреќата е жестоката расправија помеѓу пилотите во последните неколку минути, од тимот нагласија дека нема да бидат објавени снимките од црните кутии во јавност.

Оттаму велат дека во согласност со руските и меѓународните правила за истрага на авионски несреќо, информациите од снимачот на звук во пилотската кабина несмеат да се објавуваат во јавност.

Посочија дека се декодирани оклу четири часа разговори во кабината, меѓу кои и последните неколку минути од летот.

Во авионската несреќа загинаа сите 55 патници во авионот и 7 членови на екипажот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.