Спорт

Дел Боске експресно ја одби понудата на Јунајтед

Дел Боске експресно ја одби понудата на Јунајтед

Близок извор до таборот на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед откри дека сега веќе новиот предводник на “црвените ѓаволи”, холандскиот стручњак не бил прв избор за менаџерската функција.

„Сопствениците на Манчестер Јунајтед прво испратија понуда до актуелниот селектор на светскиот и европскиот шампион, репрезентацијата на Шпанија, Винсенте дел Боске. Преговараа околу 5 минути. Де Боске експресно ја одби понудата на Манчестер Јунајтед со образложение дека веќе го има потпишано новиот договор кој го обврзува да биде селектор на “црвената фурија” до крајот на Европското првенство во 2016 година”, изјави анонимниот извор од “Олд Трафорд”.