Дел Боске му даде предност на Коста пред Љоренре и Негредо

Винсенте дел Боске, селекторот на актуелниот светски и европски шампион, репрезентацјата на Шпанија, го обајави конечниот список со 23 фудбалери кои ќе се обидат да ја одбранат светската круна на престојниот Мундијал во Бразил.

Најголемо внимание предизвика одлуката на Дел Боске да му даде шанса на натурализираниот Шпанец, Диего Коста, кој во изминатите неколку недели постојано се жали на секакви повреди, а дома да ги осави напаѓачите на Јувентус и Манчестер Сити, Фернандо Љоренте и Алваро Негредо.

СОСТАВ:
ГОЛМАНИ: Касилјас (Реал М.), Реина (Наполи), Де Хеа (Манчестер ј.).
ОДБРАНА: Рамос (Реал М.), Пике (Барселона), Алба (Барселона), Хуанфран (Атлетико М.), Азпиликуета (Челси), Албиол (Наполи),
СРЕДЕН РЕД: Хави Мартинез (Баерн М.), Чаби Алонсо (Реал М.), Иниеста (Барселона), Бускетс (Барселона), Коке (Атлетико М.), Казорла (Арсенал), Мата (Манчестер ј.), Силва (Ман. сити), Фабрегас (Барселона), Педро (Барселона),
НАПАД: Диего Коста (Атлетико М.), Торес (Челси), Вилја (Атлетико М.).