Дел Боске повторно ќе гостува во Македонија

И покрај срамната елиминација во групната фаза, Винсенте дел Боске ќе биде предводник на актуелниот светски и европски шампион, репрезентацијата на Шпанија и во квалификацискиот циклус за ЕП 2016 година.

„Во ниту еден момент не помисливме да го менуваме селекторот. Дел Боске е вистинско фудбалско богатство за Шпанија. Тој останува да ја предводи нашата селекција,” изјави претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија, Анхел Виљар.
По пауза од неколку години Винсенте дел Боске повторно ќе гостува во Македонија, но сега неговата репрезентација иам обврска да забележи позитивен резултат во натпреварот од квалификацискиот циклус за ЕП 2016.