Дел до Скопје утре без струја

Според информации од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без електрична енергија утре ќе останат:

  • Во време од 8.30 до 15 часот, корисниците од село Долно Соње, улица број 7. (опш. Сопиште).
  • Во периодот од 8.30 до 14.30 часот, корисниците од улиците: Петар Манџуков, Бутелска, Никола Канински, Марко Крале, Пребондова и Мостарска ( општина Бутел ).
  • Во време од 8.30 до 16 часот, дел од корисниците од Долно Коњари, Алем Компани, Средно и Горно Коњари, Дивље, село Живиње и село Сушица ( општина Петровец ).
  • Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците бр.1, 2, 3, 4 и 5 во село Грчец, ( општина Сарај ), и корисниците од булевар Митрополит Теодосиј Гологанов од број 160 до број 186,  како и корисниците од улиците Миле Поп Јорданов, и Џумајска од број 26 до број 50. (опш. Карпош) и дел од ул. Пролетерска, дел од ул. Радушка, и делот околу новиот кружен тек (опш.Ѓ.Петров-Карпош).
  • Во време од 9 до 12 часот, корисниците од село Батинци, населба Љубош ( општина Студеничани ).
  • Во време од 9 до 13 часот, дел од корисниците од ул. Брадфорска, дел од ул. Копачка, дел од ул. Илија Плавев, дел од ул. Милан Марковиќ, дел од ул. Миле Поп Јорданов како и дел од улица Козле ( општина Карпош ).