Дел од индустриската зона кон Блаце утре без струја

Утре од 6.30 до 7.30 часот без струја ќе биде поголем дел индустриската зона кон преминот Блаце, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД. Во истиот период без струја ќе бидат и сите потрошувачи од улицата Босна и Херцеговина дел, како и дел од Момин Поток, но и фабриките Европа 92, Синтек, Колид Анета, Медика, ИГМ Вратница, Астека, Евротехна и Циглана.

Денеска , од 8.30 до 14.30 ќе нема струја на улицата Хо-Ши-Мин, Краишка и Натанаил Кучевишки, додека од 9 до 15 ќе нема струја во дел од селото Мирковци.

Од 9 до 15 часот ќе нема струја за куќните броеви од 42 до 52 на улица Пашка, а на Букурешка од бр.73 и нејзината околина, додека од 9 до 15 часот ќе нема струја на подулиците 1,2,3,4 и 5 во селото Грчец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.