Дел од Аеродром и неколку скопски села утре без струја

Без струја утре од 8 до 16 часот ќе останат корисниците од булевар „Јане Сандански“ број 12, дел од улиците „Милан Зечер“ број 39 и „Владимир Комаров“ број 18 .

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без струја од 9 до 11 часот ќе останат корисниците од бул. „3 Македонска Бригада“ (кај Пуцко Петрол) и дел од улиците „Коста Новаковиќ“ и „Пандил Шишков“, од 9 до 16 часот корисниците од село Палиград, населба Мала Река, селата Алдинци, Караџица, Принц Хотел, и други викендици во тој дел, од 9 до 15:30 часот, корисниците од селата Миладиновци, Текија, Дељадровци и Мршевци, а цел ден без струја ќе останат корисниците од селата Грушино, Бучинци и Бујковци.