Дел од Аеродром утре без струја

Жителите на булеварот 3-та Македонска бригада, подулица број 3,  во општина Аеродром, објектот на Средното училиште „Димитар Влахов“ и други стопански и нестопански објекти во околината на училиштето, утре од 8 до 14:30 часот ќе останат без струја.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради технички зафати во електро-системот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.